Топ 15 џемпери од неколку познати брендови во Македонија
Време е да набавите капут во боја: Еве каде ќе ги надете најдобрите модели
Мали црни фустани на кои нема да останете рамнодушни

1 / 16

Попустите ги сакаме сите, но понекогаш не фрустрираат

Колку пати досега ви се случило да видите попуст во некоја од вашите омилени продавници, но кога ќе влезете, не останало веќе ништо значајно?! Или пак да се најдете во преголема гужва, па едноставно да не можете да го поднесете сиот тој хаос како пред касите, така и пред соблекувалните и наместо да си купите нешто, да подигнете бело знаменце и да ја напуштите продавницата? Но сега барем не морате да се грижите дека ќе бидете последни и дека вашето парче веќе го нема на полиците. И тоа во една од најпопуларните продавници во Македонија каде е карираното сако кое веќе со месеци го меркате. Можете меѓу првите да дознаете кога тој модел ќе биде на пола цена и тоа благодарение на еден многу едноставен трик.

Имено, се што треба да направите е да се запишете на newsletter-от на Зара и секако, да бидете подготвени редовно да ве известуваат за сите настани и нови колекции, но и за она најзначајното - кога почнуваат попустите. А додека чекате да се случи тоа погледнете што се можете да купите во нивната продавница за помалку од 1000 денари.
Здолниште - 999.00 MKD