Какви капути ќе носиме оваа есен и зима? 20 модели од најпознатите брендови во Македонија
Какви блејзери ќе носиме оваа есен и зима – најдобрите модели од познатите брендови
Плетени фустани – единствениот модел што ви е потребен оваа сезона

1 / 17

Оваа нежна нијанса повторно е хит

Сигурни сме дека на многу девојки оваа боја им беше омилена во детството. Но исто така сме сигурни дека многу од нив не се ни сеќаваат кога последен пат облекле нешто во оваа нијанса. Факт е дека таа се наоѓа во центарот на вниманието во модната индустрија, па тоа може да ве поттикне да размислите да набавите или да побарате во вашите плакари некое парче со кое ќе постигнете совршени летни комбинации.

Станува збор за валкана розова нијанса која досега ја фураа бројни познати дами како што се Ријана, шпанската кралица Летиција, сестрите Кејт и Пипа Мидлтон и бројни други девојки кои во последниот период носеле дизајнерски, но и хај-стрит парчиња во оваа нијанса. Таа е хит и во продавниците низ Македонија каде можете да ја сретнете и на бројни модни додатоци, како што се чевли и чанти без кои едноставно не можеме.