Топ 15 работи што ќе ги најдете во Зара за помалку од 1000 денари
Мали црни фустани на кои нема да останете рамнодушни
Плетени џемпери во пастелни нијанси од еден од омилените брендови на Македонките

1 / 30

Нашиот омилен бренд за долна облека

Романтични дезени, модерни бои, раскошен вез и транспарентност се карактеристични за колекцијата Lisca Fashion за есен-зима 2017. Во сериите може да забележите силно испреплетување на смели и исклучителни женски линии кои ги карактеризираат новите модерни модели. Нив ги спојува убавина, совршеност и функционалност, а од друга страна нежна романтика во чистите линии на вечниот минимализам.

Колекцијата вклучува долна облека од различни големини, со големина на корпа до Х и обем од 65 . Со новата есенска сезона има некои новитети, како што е градникот со пенести SOFT корпи до големина Е, panty бразил гаќички со нов крој, push up градник со нов облик за поприроден изглед на деколтето и градник со пенести корпи без жица - Wireless soft bra, дизајниран за секој кој сака удобност. Обезбедува релаксирано секојдневно носење.

Мек еластичен материјал во колекцијата на спалната програма Lisca Fashion го гали телото. Пријатната и топла есенска колекција е одличен додаток со долната облека - можете да ги одберете вашите омилени пижами или ноќница во соодветни тонови.