Најдобрите парчиња од новата пролетна колекција на Зара
Од каде да ги купите најдобрите кожни јакни за оваа сезона
Најубавите пролетни панталони кои можете да ги најдете во продавниците во Македонија

1 / 15

Овие денови металик нијансите го имаат главниот збор, па така овој неодолив тренд не ги прескокна ни патиките.

Металик патиките се еден од водечките трендови, особено за оваа новогодишна сезона. Без разлика дали станува збор за сребрени, бронзени, мат или модели со висок сјај и без разлика дали истите се само со еден детаљ или пак целосно направени од сјаен материјал – овие патики ги обожаваат најпознатите трендсетерки во светот, а и нашите ИТ девојки. Секако дека најпопуларна е металик розовата боја, а овој тренд веќе го следат водечките брендови како што се Најк и Адидас кои ги преставија своите модели во оваа нијанса. Но, за овие патики веќе ви пишувавме, а денес погледнете и некои други варијанти на металик патики со кои можете да ги подигнете вашите секојдневни зимски комбинации. Единственото нешто на што треба да внимавате е кога ги носите да не претерувате бидејќи е сосем доволно едно сјајно парче за вашиот целосен аутфит. Во спротивно можете да изгледате како некој лик од војна на ѕвездите, а едно е да изгледате како ѕвезда, а други како Си Трипио, нели?

PRADA £317