25 плисирани парчиња од омилените брендови на Македонките
Девојките се луди по нив – 10 парчиња од Бершка што сите ги сакаат
Еве како се движат цените на најубавите летни фустани во продавниците на Манго

1 / 13

Нови трендови и во деловната облека

Ригите отсекогаш биле дек од облеката што претставничките на понежниот пол ја носат на работа. Кошули, сакоа и панталони зачинети со одвај забележливи тенки линии отсекогаш се одличен начин да ја разбиете строгата униформираност на вашиот деловен стил, а оваа сезона тоа можете да го правите како никогаш досега. Од модели во неутрални бои проткаени со тенки риги во слични нијанси до најконтрастни комбинации, оваа сезона ригите го носат духот на француската ривиера кој овој пат ви е дозволено да го внесете и во вашите канцеларии. Ова особено важи за панталоните со овој дезен, без разлика дали станува збор за модел со цевка, ѕвонест или широк крој. Можете да ги комбинирате со вашите омилени кошули, блејзери и сакоа, да скокнете во вашите омилени обувки со блок потпетици и .. тоа е тоа!