Каде да ги купите најсимпатичните костими за капење за ова лето
Најубавите металик обувки од најпопуларните хај-стрит брендови во Македонија
Еве во кои продавници во Скопје ќе ги најдете најдобрите маици за оваа сезона

1 / 17

Не знаеме за вас, но нам ни е најубав оној период од годината кога можеме да носиме сандали, салонки и балетанки.

Немаме ништо против неодоливите чизми над колена или од полудлабоките модели со блок пета кои исто така се хит, но мораме да признаеме дека овој период од годината кога многу често се случува надвор да е кал до колена едноставно не ни е еден од омилените. Токму затоа денес сакаме да се потсетиме на топлите пролетни месеци кога можеме да уживаме во нашите омилени обувки без разлика дали се со високи потпетици или со рамен ѓон. Тоа го направивме така што ѕирнавме да видиме што има ново на полиците во Манго од каде избравме 15 модели за кои сме сигурни дека ќе ви се допаднат. Од металик сандали со дебели и стабилни потпетици, се до класични црни салонки кои се задолжителен модел за сечиј плакар и оваа сезона, како и неколку модели на чизми до глужд кои можете да ги носите во преодниот период. Па отворете ја галеријата и погледнете го изборот на нашите модни уредници.