Време е да набавите капут во боја: Еве каде ќе ги надете најдобрите модели
15 прекрасни фустани во најпопуларните бои за оваа сезона од New Yorker
Топ 15 работи што ќе ги најдете во Зара за помалку од 1000 денари

1 / 14

Најдобрите модели од најпознатата хај-стрит продавница во Македонија

Не постои девојка која барем малку ги следи трендовите и која не сака да ја збогати својата есенска колекција со едно ново сако. Тие се еден од водечките трендови за оваа сезона, а меѓу најпопуларните се оверсајз моделите, со машки крој и популарен кариран дезен кои изгледаат како да сте ги позајмиле од машките плакари. Но покрај сивите карирани дезени популарни се и моделите во розова или црвена боја кои се мошне впечатливи и женствени, како и црните модели со дворедно закопчување кои исто така изгледаат фантастично без разлика дали ги носите со панталони или фармерки. Што се однесува до нас, ние дефинитивно гласаме за сивите модели кои веќе ги пробавме во комбинација со панталони со ист дезен (едно од овие парчиња сигурно ќе си купиме), иако не би имале ништо против и сите овие останати модели што ги најдовме на полиците во Манго да завршат во нашите плакари.