Топ 15 џемпери од неколку познати брендови во Македонија
Време е да набавите капут во боја: Еве каде ќе ги надете најдобрите модели
Топ 25 чизми над колена од најпознатите брендови во Македонија

1 / 15

Познатиот шпански бренд Манго за новата есенска сезона го ангажираше славниот моден фотограф Марио Тестино.

Во новата колекција пред објективите на Тестино позираше актерот Оливие Мартинез и моделот Јегор Венед, а од женските модели - Амбер Валета, Фреја Беа и прекрасната Ана Еверс. Валета за соработката со познатиот фотограф вели „Тестино и јас соработувавме на многу проекти, но ова е првиот во кој ме натера да танцувам“ додека Ана Еверс искажа воодушевување од колекцијата во која доаѓа до фантастичен спој меѓу машката и женска линија. Ваквиот флуид впрочем претставува и еден од најголемите трендови за оваа есен, а тоа можевме да го видиме и од бројните street style комбинации на познатите ИТ девојки од Модната недела во Њујорк.