Шопинг предлози на Штипка - Што да купиме овој викенд?
Топ 15 модели на најпопуларните јакни за оваа сезона
Ова се најдобрите фармерки за зима 2017 од Бершка, Манго и Зара

1 / 20

Еден од нашите омилени трендови за оваа сезона!

Ако сакате да изгледате како ИТ девојка тогаш инвестирајте во капут со должина до земја. И покрај тоа што се крајно едноставни за носење со нив ќе изгледате како модна икона, особено ако изберете некој тренди модел. Тие се мошне популарни оваа сезона, а познатите комерцијални брендови го следат ваквиот тренд, па навистина не е тешко да најдете парче кое ќе се вклопи во вашиот стил. Без разлика дали се гледате себеси како го носите со кратки здолништа, фустани, панталони, тесни фармерки, чизми до глужд, патики или високи потпетици, изберете го вистинскиот модел и нема да погрешите.