Есенски фустани од материјалот на кој ниту една дама не може да му одолее
Црвена боја им стои убаво на сите, а ова се најдобрите црвени фустани од продавниците што ги има во Сити мол и ГТЦ
Најдобрите модели од новата колекција на Манго за есен/зима 2017

1 / 16

Институтот за бои „Пантон“ ни откри која боја ќе биде најпосакувана во 2017.

Имено ако оваа година бевме сведоци на огромната популарност на розовата боја во сите нејзини варијанти (види тука), во 2017 најпосакувани нијанси ќе бидат зелените, односно зеленикавата која е комбинација од зелена и жолта и која е позната како „greenery“. Токму оваа боја деновиве ја фураше и Адријана Лима кога се појави во фустан од кадифе во зелена боја со кој позираше како легендарната фотографија на Анџелина Џоли. Инаку, покрај оваа нијанса во мода се и темнозелените, смарагдни и ментол парчиња кои зрачат со елеганција, стил и префинетост, а бројни познати брендови веќе ги имаат на полиците во своите обични и виртуелни продавници.

Па, ако барете нешто со што ќе ги освежите вашите плакари и со кое ќе ги „подигнете“ вашите зимски комбинации, тогаш инвестирајте во еден од овие фустани, капути и јакни кои се во бојата која ќе биде хит во наредната година.