Овие обувки се во мода – погледнете ги најдобрите модели од Кристијан Лобутин
Топ 15 работи што ќе ги најдете во Зара за помалку од 1000 денари
15 прекрасни фустани во најпопуларните бои за оваа сезона од New Yorker

1 / 11

Тренд што ќе биде број еден и оваа зима

Бундичките од вештачко крзно се совршен избор за овој период од годината без разлика дали ќе одлучите за неутрални нијанси или за оние со дезени. Тие изгледаат луксузно, а воедно се и еколошки прифатливи и со нив можете да ги „подигнете“ и да внесете гламур во вашите есенски и зимски изданија. Покрај долгите кроеви, се носат и кратки, а меѓу најпопуларните се и женствените „винтиџ“ модели. Тие иако на модната сцена се појавија пред неколку сезони, се уште владеат со улиците. Зачинети се со богати јаки и длабоки изрази, со должина малку под задникот, а во понудата на хај-стрит продавниците можат да се најдат и модели со „Петар Пан“ јака или без јака. Во мода покрај црно и кафеаво еко крзно се и оние во пастелни или силни нијанси, како и неодоливите модели со леопард дезен.
Zara