Таа е одличен пример за тоа како НЕ треба да изгледате ако имате тело како нејзиното
Пронајдовме од каде можете да си купите сако како на Никола Груевски
Како да ги носите најпопуларните патики кои ги носи секоја кул девојка во Америка!

2 / 10

Авторот на антиестогенската диета Ори Хофмеклер ги објаснува трите главни прикриени причини поради кои не можете да ослабите и поради кои имате прекумерна тежина:

1. Јадете во погрешно време. Вашето тело е програмирано да работи дење и да се одмора навечер. Нашиот внатрешен часовник го контролираат два спротивставени автономни нервни потсистеми: симпатикус кој е одговорен за акција и реакција на стрес во текот на денот и парасимпатикус кој е одговорен за релаксација, варење на храната и спиење во текот на ноќта. Според оваа теорија нашето тело подобро ја вари храната и ги искористува хранливите материи ноќе кога се одмара, отколку преку ден. Исто така во текот на ноќта и хормонот на раст го достигнува највисоко ниво. Тој е одговорен за изградба на мускулите и коските, но исто така и за согорување на мастите. Токму поради тоа доцните оброци, ако правилно се осмислат, можат најмногу да се искористат. Решение што го нуди антиестрогенската диета: почнете да го јадете главното јадење навечер, кога сите ви велат дека не смеете да јадете. За максимално губење на килограмите јадете малку во текот, а обилно во текот на ноќта.