Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Лаш Лимитед

Контакт 02 30 82 400
https://www.lush.com.mk/

Опис

Во Мај 1995, Lush свежите производи беа официјално презентирани и пуштени во продажба, но историјата на компанијата започнува пред тоа, многу поодамна. Тој тим работеше заедно веќе двасет години. Доволно е да се каже дека тие започнаа да работат заедно кога беа многу млади, тие развиваа производи за нега на коса со природни состојки кои резултираа со неверојатен успех како производи направени за Body Shop, a нивната сопствена линија на производи “Cosmetics to Go“ која можеше да се добие само преку нарачка по електронска пошта и тоа исклучиво во Велика Британија повторно започна со производство. 

Името Lush е резултат на натпревар за рачно изработен билтен и каталог кој се одржа во младата компанија. Госпоѓа Елизабет Бенет од Единбург се реши за Lush. Од нивниот дом на 29 High Street, Poole, Dorset на море на јужниот дел на Англија, Lush прерасна во меѓународна компанија - сеуште устеваме да останеме пријателски настроени и достапни, сеуште рачно ги правиме нашите производи но сега во неколку различни фабрики низ целиот свет.

Како го правиме тоа? Постојат многу причини зошто Lush расте но ние го задржавме чувството како да работиме во мал бизнис кој останува верен на својата првична цел. Ние соработуваме со луѓе кои ги сакаме. Директорот на компанијата сеуште ги креира сите производи и не прави компромиси кога станува збор за квалитет. Марк Константин и неговиот син Сајмон ги креираат сите мириси со користење на најубавите состојки кои ги има во познатиот за нас универзум. Ние најверојатно сме единствената компанија која употребува вистинско етерично масло од јасмин (кое е поскапо од злато) во интересни форми кои што се пуштаат во када. Сите Lush производи сеуште се прават рачно, а кога се зголемува производството ние вработуваме повеќе луѓе а не машини. Ние сеуште се држиме до нашата првична цел и наместо да се чувствуваме како голема компанија ние го задржавме чувството на малите компании и сеуште работиме сите заедно.

Производите може да имаат малку поразлична форма во различни земји тоа поради рачната изработка на производот, го прават различни луѓе кој што внесуваат по нешто свое. Производите може да имаат и различна боја; портокалите достапни во Италија се различни од оние кои се користат во Јапонија; Австралија користи различно грозје од она што се употребува во Велика Британија. Сепак секогаш ќе го препознаете Lush по квалитетот на состојките по свежината и непогрешливиот мирис на стотици етерични масла. 

Денес имаме на 700 продавници во 46 земји во целиот свет. Бидејќи ние се држиме до она во што веруваме, се надеваме дека Lush ќе продолжи да расте, но секогаш ќе го задржи своето срце и душа.

Специфики

Услуги: Производи направени од свежи и органски овошја и зеленчуци, со icнајфини есенцијални масла и безбедна синтетика. Сите производи направени од страна на Лаш не се тестирани на животни и не состојат никакви конзерванси.
Дејности&услуги: Парфимерии , Коземетика, Органски производи

Локација

Скопје, Македонија
ул. Љубљанска 4

Видео

Коментари

Loading...
loading...

 

ПОПУЛАРНО