Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Еликсир Ексклузив

Опис

Еликсир е компанија основана во 1993 година чиј менаџерски тим има голема посветеност во обезбедување на највисоко можно ниво на квалитетна услуга за сите наши клиенти и потрошувачи. Токму заради тоа ние во 2004 година влеговме во проектот малопродажба на парфеми, декоративна и препаратаивна козметика и ги отворивме првите два ексклузивни продажни салони. Отворањето на малопродажните салони го направивме заради тоа што сакавме сите потрошувачи да добијат поголема вредност на она што го купуваат, а тоа можеме и го правиме преку тоа што им нудиме квалитетни производи и извонредна услуга.

Во парфимериите на Еликсир, можете да ги најдете производите од сите познати брендови парфеми како што се : Dolce & Gabbana, Gucci, Hugo Boss, Lacoste, Escada, Calvin Klein, Davidoff, Armani, Bvlgari, Lancome, Dior, Givenchy, Paco Rabanne, Carolina Herrera, DKNY, Sarah Jessica Parker, Joop, Marc Jacobs, Chopard, Issey Miyake, Naomi Campbell, Christina Aguilera, Bruno Banani, Puma, Mexx, James Bond и многу други. Од декоративната козметика, во Еликсир можете да најдете Max Factor, Dior, Estee Lauder, Clinique, L'oreal, Bourjois, Maybelline и Manhattan, додека од препаративната козметика тука ќе ги најдете Dior, Lancaster, Lancome, Clinique и Estee Lauder.

 

Специфики

Услуги: Во парфимериите на Еликсир, можете да ги најдете производите од сите познати брендови парфеми како и од декоративната козметика.
Дејности&услуги: Парфимерии , Коземетика

Локација

Скопје, Македонија
ул. 11-ти Октомври 38

Видео

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com