WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Богомила

Контакт Нема инфо

Опис

Село Богомила се наоѓа во централниот дел на Република Македонија, во пазувите на Јакупица, Даутица и планината Бабуна. Сместено е во горното сливно подрачје на река Бабуна на надморска височина од околу 500 метри. Оваа ридско-планинска населба има извонредно пријатна микроклима и претставува вистинска оаза за одмор на сите оние кои сакаат да избегаат од градскиот метеж. Пријатноста на просторот е надополнет со околните шуми, пространи ливади и секако бистрите и брзи води на река Бабуна, која тече низ селото.

Но Богомила не е само „парче недопрена и чиста природа од Македонија„, туку истовремено таа е историски важна. Една е историската гордост е Ѕиданиот мост од Римскиот период кој ќе ви посака добредојде на самиот влез на селото.

Понатаму Богомила се смета за место од каде почнало познатото Богомиско движење. Таа е родно место на Петар Поп Арсов – еден од творците на ТМРО (во селото постои и музеј во негова чест), а воедно е значајна и по познатиот Богомилски поход како дел од познатиот Фебруарски поход во НОБ.

До Богомила лесно се стигнува со воз и со автомобил. Патот е пријатен и живописен. Сместување може да се најде во самото село во рамките на некогашниот интернат.

Од вас зависи кое годишно време ќе изберете за посета. Може да изберете речно капење и да ги испробате пливачките способности во студените води на „Тасески вир“ место веднаш до реката Бабуна. За излет може да изберете некоја од околните ливади со дабови сенки во непосредна близина на селото. Но, Богомила нуди благопријатни услови и за лов и риболов. Но доколку не сте риболовец, но сте гурмански расположени за речна пастрмка на само 7 км од Богомила во атарот на село Нежилово во автентичен амбиент е сместен ресторан и сместувачки капацитети. Но тука не запираат можностите за авантура и уживање. Од Богомила лесно со кола се стигнува до селата Нежилово и Папрадиште, од каде пеш за околу 2 часа може да се искачите до Чеплес. Постои можност за посета на изворите на Бабуна или до врвот Солунска Глава. Од вас зависи само да одлучите кога, како и со кого ќе патувате. Богомила ве очекува.

Специфики

Атракција Знаменитости

Локација

Велес, Македонија

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com