WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Марков Манастир

Контакт +389 2 32 30 780
http://spe.org.mk/index.php

Опис

Марков манастир — православен манастир кој се наоѓа јужно од селото Маркова Сушица, по долината на Маркова Река на нејзиниот лев брег, на 20 км од Скопје. Манстирот е активен и во денешно време, а во него суштествува женско монашко сестринство. Во самиот манастир се наоѓа црквата Св. Димитрија и импозантната камбанерија.

Историја

Како најважен сочуван изворен документ за изградбата во Марковиот манастир претставува натписот над јужниот влез внатре во црквата, кој дава податоци за изградбата на манастирската црква и нејзините ктитори. Натписот ја има следната содржина:

Се обнови овој пребожествен храм на светиот великомаченик христов победоносец и чудотворец Димитрија, со усрдието и поспешението на благоверниот крал Волкашин и со благоверната кралица Елена и со премногу љубените нивни ќерки и синови благоверниот крал Марко и Андреаш, Иваниш и Димитар во годината 1377. А овој манастир почна да се ѕида во 1345 во дните на благоверниот цар Стефан и христољубивиот крал Волкашин, а се заврши во дните на благоверниот и христољубивиот крал Марко.

GOOGLE 360° VIRTUAL TOUR

Кликни и разгледај го манастирот >>

Втор изворен документ претставува полилејот на кого се излиени букви со имињата на ктиторот како и за дел од историјата на црквата. Историјата на манастирот ја надополнуваат и записите испишани на столбовите и на ѕидовите на црквата. Еден таков запис е видливо врежан на северната фасада од црквата и северозападниот столб во наосот на црквата со името на нашиот македонски просветител Кирил Пејчиновиќ кој бил и игумен на манастирот на почетокот на XIX век од 1801 па се до 1818 година. Тој во Марковиот манастир ја напишал неговата книга „Огледало“, а основал и училиште.

GOOGLE 360° VIRTUAL TOUR

Кликни и разгледај го манастирот >>

Капијата на манастирот е искована од масивно дрво. Веднаш од десната страна започнуваат манастирските конаци и други помошни простории. Покрај конаците се наоѓа уште и фурна, казани за печење ракија, бунар со студена вода и мошне стара воденица која е сочувана како секавање на времето кога житото се мелело на таков начин. Името на манастирот е добиено по популарниот јунак Крале Марко. Црквата Св. Димитрија е изградена во 1345 год. за што сведочи натписот над јужната врата од внатрешната страна на црквата. Таа била обновена од кралот Волкашин, а наполно завршена и живописана од неговиот син Марко (меѓу 1366 и 1371-72 година). Во почетокот на XIX век во манастирот како негов игумен престојувал и работел македонскиот преродбеник и книжевник Кирил Пејчиновиќ.

Монаштво

Во минатото монашкиот живот во Марковиот манастир бил доста активен. Како негови игумени во XIX век се познати македонскиот просветител Кирил Пејчиновиќ (од 1801 до 1818 година) и Герасим Бочович во 1831 година. Во поново време е обновен монашкиот живот и во него живеат три монахињи.

Книжевен центар

Марковиот манастир бил еден од најзначајните културно просветни и книжевни центри во минатото, книгите од манастирската библиотека се буквално разграбени, а истата судбина ја доживеале и голем број на уметнички предмети, кои се чувале во манастирската црква. Според досегашните сознанија, ракописи по потекло Марковиот манастир има во: Државниот историски музеј во Москва /Хлудовата збирка/, Виенската национална библиотека, Хрватската академија за наика и уметност Загреб, Српаската академија на науките и уметностите, Белградска библиотека /Стара збирка/ и Државната библиотека во Софија.

Специфики

Атракција Цркви и манастири

Локација

Скопје, Македонија

Видео

Коментари

Loading...
loading...

 

ПОПУЛАРНО