WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Бигорски манастир

Опис

Бигорски манастир („Св. Јован Бигорски“) — манастирски комплекс кој се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија.

Верници во манастирот во почетокот на XX век

Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

GOOGLE 360° VIRTUAL TOUR

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци.

Икона на Јован Крстител

Покрај иконостасот, манастирот е познат и по иконата на Св. Јован Крстител за која се верува дека има чудотворна моќ. Според преданието, иконата ја нашол монахот Јован во 1020 година. Таа сама дошла до местото каде што подоцна бил изграден манастирот и лебдела над изворите на реката Радика. Во XVI век, во времето на султанот Селим II, Османлиите го запалиле манастирот, а иконата мистериозно исчезнала за потоа, уште помистериозно да се врати неоштетена. Во манастирските списи е запишано дека иконата на свети Јован Крстител 35 години не била заштитена и дека дури во 1885 година иконата е обложена со сребрен оклоп. На иконата Јован Крстител е претставен како светец-трирачник. Се верува дека лотретата рака е благосвувачка и дека иконата им помага на родителите кои не можат да добијат деца. 

Легенда

Според легендата, некој бег од Албанија во текот на XVIвек дошол во манастирот на поклонение. Наредната година тој добил син и сиот свој имот му го подарил на „Свети Јован“. Тој ветил и дека ќе праќа маслиново масло во манастирот зашто такво масло се произведувало на неговиот имот. Денеска месните жители сметаат дека на имотот на бегот постои табла на која е испишано името на светецот.

Манастирски комплекс

Во манастирскиот комплекс има отворено „Галерија на икони“. Во галеријата има изложено околу седумдесетина икони и истите датираат од XII век, XIII век и XIX век. Галеријата започнала со икони од првата половина на XVII век, и се проследени со Христовиот живот од благовештението, од рожденството, крштевање Христово, преображение, влегувањето во Ерусалим, распнувањето, воскресението, вознесението и успението на Пресвета Богородица.

GOOGLE 360° VIRTUAL TOUR

Во притворот на црквата во 1871 година се наоѓале фреските на „Св. Климент Охридски“, „Св. Наум“, „Св. Јован Владимир“, „Св.Св. Кирил и Методиј„, „Св. цар Борис“ и „Св. цар Иван Шишман бугарски“.[3] Според бугарскиот новинар Светослав Терзиев, денес имињата на бугарските владетели Борис и Иван Шишман се преправени во Стефан Дечански и Лазар Хребељановиќ, за време на српската окупација на Македонија 1913-1941 година.

Во манастирот „Свети Јован Бигорски“ има остатоци од црквата што потекнува од XVI век, односно од XVII век и XVII век, од која се уште се чуваат големите икони. Најстарите, поточно од XVI век се реставрираат во Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата.

Занимливости

Во комплексот на манастирот е снимен македонскиот филм Мис Стон.

Пожарот во манастирот

На 30 септември 2009 година, во манастирскиот комплекс избувнал пожар при што целосно изгорел стариот конак, горниот палат, две трпезарии, гостинската просторија, кујната, библиотеката и монашките живеалишта.

Специфики

Атракција Цркви и манастири

Локација

Маврово, Македонија

Видео

Коментари

Loading...

 

ПОПУЛАРНО

WHERE CITY GUIDE

Овде, во хотел Континентал ќе ви помогнеме да создадете свадбата на вашите соништа! ...
Пица ресторан во центарот на Битола.
Вкусете ги нашите специјалитети, напијте се чаша две и уживајте во ресторанот КАЈ ЕФТО. ...
Хотелот е лоциран во средината на рекреативниот центар Маврово, само неколку стотини метри од ски лифтовите и езерото. ...
Holiday Inn Skopje e хотел од висока категорија кој работи како дел од ланецот хотели Holiday Inn. ...