WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Манастир Св. Наум Охридски

Контакт 046/283081
http://www.mpc.org.mk/

Опис

Манастирот „Св. Наум“ е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на неговата најјужна точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигнувањето на овој манастир е поврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Св. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година бил погребан во него. Околу манастирот има повеќе други црквички, како: Света Петка, Свети Атанасиј, Агијазмо и др.

GOOGLE 360° VIRTUAL TOUR

Оваа црква по својот првобитен облик била речиси идентична на црквата „Св Пантелејмон“ во Охрид. Некаде помеѓу 10. и 13. век, Наумовата црква била потполно разурната. Но потоа, некаде околу 16. век, на нејзините темели била подигната сегашната црква, и тоа во две етапи. Прво, при обновувањето, биле изградени наосот и нартексот, а во втората етапа биле подигнати двете куполи - над наосот и нартексот. Сегашната црква ги носи преправките, и таа има форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на четири столбови. Гробницата на Наум е посебна зграда со широка и ниска купола.

GOOGLE 360° VIRTUAL TOUR

Една легенда зборува дека св. Наум и св. Климент биле браќа и се договориле заедно да изградат два манастира на спортивните краишта од Охридското езеро. Притоа, двајцата светци требало да започнат со изградбата на манастирите во исто време, а почетокот на изградбата требало да биде изначен со звукот на ѕвончето. Меѓутоа, на јажето коешто било оптегнато преку езерото застанале галеби, па ѕвончето заѕвонило и св. Климент ја започнал изградбата порано. За казна, подоцна, неговиот манастир на Плаошник бил претворен во џамија. Друга легенда зборува дека св. Наум ги држел клучевите наОхридското езеро, а по неговата заповед, водата на Црни Дрим минува низ езерото без да се помеша со езерската вода.

GOOGLE 360° VIRTUAL TOUR

Во врска со изградбата на манастирот, една легенда зборува дека св. Наум патувал некаде и преноќил на имотот на некој богат човек, кој му се пожалил дека е несреќен, бидејќи неговата ќерка била ќелава. Тогаш, св. Наум направил ќерката да добие коса, а во знак на благодарност, богатиот човек му го поклонил имотот на светецот. Подоцна, на тој имот, св. Наум го изградил својот манастир.

Извор: Wikipedia

Специфики

Атракција Цркви и манастири

Локација

Охрид, Македонија

Видео

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com