WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Фрути Ди Маре

Контакт Телефон: +389 2 3132 145 | +389 75 233 934

Опис

Годините минуваат, генерациите се менуваат, а останува само виното.... и конобите, велат стиховите на една песна. Постојаниот стремеж на човекот на денешницата, да се отргне од грубото секојдневие и да му стане сонот реалност како во стиховите на песната, се моментите што ќе ги доживее во конобата "Фрути ди Маре". 

Познат и како "Коноба кај Иве", овој угос­ти­тел­ски бисер нуди нешто единствено: вис­тин­ски приморски амбиент со мрежи распослани по таваните , небаре сега од нив се извадени све­жите морски плодови, релјефни ѕидови на кој се отсликува уметноста на Урдин и ег­зо­ти­ката на Коџоман, стари предмети кои созда­ва­ат чудесна патина на просторот, камин што пот­сетува на бајковидните дела на Гауди, бав­ча што би можеле само да ја сонувате во лет­ни­те денови и ноќи. Релаксираната ме­ди­те­ран­ска атмосфера ви ја надополнуваат зву­ци­те на при­јатната музика прилагодена според момент­ните музички желби и чувства на гос­тите.

GOOGLE 360° VIRTUAL TOUR

Кликни и разгледај го ова место >>

Суштесвеното сиже на севкупната при­го­да е сепак уживањето што го нуди гастро­но­ми­ја­та, кулинарските тајни главно потекнуваат од Далмација, збогатени со по некоја при­мор­ска „финта" позајмена од Италија и Скандинавија. Фрути ди Маре, не ви нуди само храна, туку и начин и култура на живеење… 

Специфики

Кујна и вид: Интернационални
Капацитет: Број на места (внатре): 40 | Број на места (надвор): 70
Работно време: 11:00 - 24:00
Карактеристики: Промоции, Прослави, Тераса, Винска карта, Паркинг, Кетеринг, WiFi
Начин на плаќање: Visa, Master Card

Локација

Скопје, Македонија
Ул. Раде Кончар бр.5, Скопје

Коментари

Loading...
loading...

 

ПОПУЛАРНО