WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Уранија

Контакт Телефон: + 389 2 312 10 14 | +389 2 311 80 30

Опис

Во самото срце на Градскиот парк, среде богатото зеленило, се наоѓа реномираниот ресторан "Уранија". Да се посети овој ресторан, значи да се доживеат мигови на мошне пријатна и опуштена атмосфера, збогатена со звуците на интернационалната музика. Во македонското угостителство "Уранија" гордо егзистира повеќе од една деценија. Секој оној кој барем еднаш го посетил нашиот ресторан, со право ќе забележи дека тој се вбројува во врвот на отмените ресторани, не само во Скопје, туку и пошироко на Балканот. Нашиот ресторан е место што го посетуваат сите видни личности од светската политичка и забавна сцена кои престојуваат во нашиот град. Од вештите раце на готвачите може да вкусите најразновидни јадења и специјалитети од богатото македонско и интернационално мени што ви го нуди ресторанот "Уранија". Услугата е беспрекорна и секогаш на врвно ниво.  Покрај редовната програма и секојдневното успешно работење на "Уранија", тука се организираат и бројни коктели, приеми, шведски маси, гала вечери и разни кетеринг услуги. Им благодариме на сите наши досегашни и идни гости, пријатели и сите љубители на нашата храна, пријатен амбиент, чистотата и беспрекорната услуга.

Специфики

Кујна и вид: Национални, Интернационални
Капацитет: Број на места (внатре): 110 | Број на места (надвор): 55
Работно време: 08:00 - 24:00/ 08:00 - 01:00
Карактеристики: Промоции, Тематски вечери, Бизнис ручеци, Прослави, Тераса, Амбиент, Жива музика, Паркинг, Кетеринг
Начин на плаќање: Master Card, Visa, Maestro

Локација

Скопје, Македонија
Градски Парк бб, Скопје

Коментари

Loading...
loading...

 

ПОПУЛАРНО