WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Идеа лаб

Контакт Тел. +38922700725
http://www.idealab.mk/

Опис

Нашата мисија 

Искуството не секогаш го носат годините ами, миговите! Ние веруваме во такви мигови – мигови каде наеднаш сè е како што треба – а за тоа е потребна сила, вистински врати и контакти во овој лавиринт но и најважното - младешка енергија.

Ние веруваме во младоста и во сега!

Да ве знаеме и да не знаете. И доколку соработуваме - да Ви докажеме дека ќе бидете наш клиент.

Како?

На многу префинет и уникатен начин. Со прифаќањето на средба со нас ќе имате можност да ја чуете приказната која ние специјално ќе ја креираме за вас, а истата ќе се однесува на промовирање на Вас, Вашата компанија или Вашиот производ... Јас и Димитар велиме вака... Не е тешко да се организира настан. - Тешко е да ја создадеш онаа гужва од позитивни и убави луѓе на истиот. Тешко да направиш квалитетен и уникатен производ. Точно! Но... Потешко е да го продадеш и да му докажеш на купувачот дека истиот тој ќе вреди. Денес, еве во овој момент, низ овој град и оваа земја има многу перфеткно организирани настани – но нема секаде доволен број или одреден ков на луѓе. Eте нешто недостига, фали некое витаминче или нешто друго за сето тоа да живне.

Нели? Нешто недостига... дозволете ни да ви помогнеме и да ви докажеме дека може и подобро! За нас одлично организиран настан или промоција е настан кој оставил позитивна енергија како на детски роденден, исто како роденден каде славеникот е среден и дотеран, гостите му се забавуваат најдобро, а и тие што сакал да ги види се на забавата, дознале навреме и се забавуваат максимално. Затоа нашата приказна е следна... Не сè се учи се на училиште. Дури и последните маркетиншки истражувања говорат дека најдобрите и најреволуционерните промени во тој сектор се случуваат со внесот на еден поинаков пристап и нова енергија во начинот на работењето. Ние го чувствуваме тоа... Ние го применуваме тоа. На повеќе високообразововни интитуции во САД, врвни професори го употребуваат терминот street smart како еден од феномените кои испорачуваат неверојатно позитивни резултати во маркетингот и односите со јавноста. Ние и овој феномен го применуваме. Ние на овој начин работиме. Ние сме креативно атеље кое заедно со вас, може да креира нови времиња, нови мигови, запаметени засекогаш!

Искуството не секогаш го носат годините ами, миговите! Ние веруваме во такви мигови – мигови каде наеднаш сè е како што треба – а за тоа е потребна сила, вистински врати и контакти во овој лавиринт но и најважното - младешка енергија.

Ние веруваме во младоста и во сега - Со почит и насмевка

 

Специфики

Дејности&производи: Организатори
Асортиман: Нашиот тим ги врши следните услуги: маркетинг, односи со јавноста, графички дизајн, посредништво, клипинг, организација на настани социјални мрежи, продукција, копирајтинг

Локација

Скопје, Македонија
ул.Христо Татарчев бр.91/б2-27 Скопје

Коментари

 

ПОПУЛАРНО