WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Аурорa Ресорт и Спа

Контакт Tel: 00389(0)33/550-965 | 00389(0)78/421-498
Fax: 00389(0)33/550-961
Spa Informations & Reservations:
075/498-422
http://auroraresort.mk/

Опис

Најдобар Spa Resort за регионот Балкан на World Spa & Wellness Awards 2014 во Лондон.

Аурора Ресорт и СПА е првиот ресорт во Ре­публика Македонија граден како ре­зул­тат на долгогодишното искуство на менаџерскиот тим од Аурора Турс на по­ле­то на бизнис патување, одмор, ре­лак­сација и задоволство. Комплекс во кој се вградени многу љубов, знае­ње, енергија и желба за постигнување на врвни резултати. Хотелот е позициониран на самата кру­на на Беровското езеро, идеално вкл­опен во природното опкружување на на­далеку познатата Беровска борова шума, на надморска височина од 1062 м, во срцето на еден од само четирите постоечки светски кислородни ко­ри­до­ри. Изграден од природни еле­мен­ти, со употреба на вулкански камен и дрво, оплеменет со различни видови на ра­с­тенија и дрва кои го претвораат во прек­расна ботаничка градина, тој пре­т­ставува вистинска планинска хар­мо­нична бајка. 

Комплексот претставува целина од по­ве­ќе градби како рецепција, ресторан, СПА центар и вили во кои се сместени различни типови на соби, сите оп­ре­мени со модерен мебел, бања, тераса, мини бар, ТВ, WIFI интернет, опрема за кафе и чај и др. Ресторанот во Аурора Ресорт и СПА е уникатно архитектонско дело во кое и најголемите гурмани и сладокусци ќе имаат можност да ги вкусат тра­ди­цио­нал­ните локални специјалитети како и деликатесите на ин­тер­нацио­нал­на­та кујна. Ресортот претставува идеално место за одржување на бизнис средби, кон­фе­рен­ции, семинари, обуки, конгреси и са­ми­ти, за чии потреби, на рас­по­ла­га­ње клиентите имаат целосно оп­ре­мена и мо­дерна конференциска сала, сог­лас­но интернационалните ста­н­дар­ди.

rezerviraj

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Конференциска сала, Сала за состаноци/прослави, Спа центар, Фитнес центар, Сауна, Масажа, Базен, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, LCD TV, Мини бар, Фен, Клима уред, Бања или туш, Собна услуга, Појадок во соба, Перална, Превоз до аеродром, Сеф
Број на соби: 31
Пријава 14:00 - 23:00
Одјава 08:00 - 12:00

Локација

Берово, Македонија
Ул. 3 бб, Берово

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com