WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Св. Наум

Контакт Tel: +389(0) 46 283 080; 283 244
Fax: +389(0) 46 283 245
Email: info@hotel-stnaum.com.mk | reservation@hotel-stnaum.com.mk
http://www.hotel-stnaum.com.mk/

Опис

Хотелскиот Комплекс Св. Наум **** со својата традиционална архитектура, комплетно се претопува со манастирскиот амбиент, но затоа пак со внатрешниот рустичен и истовремено луксузен ентериер, нуди врвни стандарди на сместување и хотелски услуги, кои ги задоволуваат и најприбирливите гости. Хотелот располага со шест прекрасни традиционални двокреветни соби, 22 апартмани со незаборавен поглед на Охридското езеро, ресторан со 150 места за седење, национален ресторан "Охридска Соба" и бар. Овде постојано се креираат нови и возбудливи јадења, секогаш од најквалитетна риба и зеленчук, со посебен акцент на традиционалната македонска кујна. Ако сакате да доживеете комплетна релаксација, не пропуштајте го најсовремениот СПА и Фитнес Центар со површина од 250 м2, направен и опремен по највисоките светски стандарди. Ве покануваме да се опуштите во финската сауна и џакузи, да се ослободите од негативните мисли во парната ароматична бања или едноставно само да ја потрошите вашата енергија во фитнес центарот. Комплексот Св.Наум идеално место за одржување на семинари, деловни состаноци, работилници, средби и презентации. Ова е место каде што ќе најдете мир во кој се спојуваат телото и духот.

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Конференциска сала, Сала за состаноци/прослави, Продавница за сувенири, Спа центар, Фитнес центар, Сауна, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, Мини бар, Фен, Клима уред, Бања или туш
Број на соби: 28
Пријава 14:00 - 20:00
Одјава 08:00 - 120:00

Локација

Охрид, Македонија
Свети Наум, Охрид

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com