WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Сончева Порта

Контакт Tel: +389 46 260447 | +389 46 254701
Fax: +389 (0) 46 254775
Email: ohridijaoh1@t-home.mk

Опис

Ако "Сонцето е извор на Животот", престојот во Хотелот "Сончева Порта" ќе Ве доближи до него и ќе Ве исполни со позитивна енергија. Хотелот "Сончева Порта" се наоѓа во непосредна близина на Охрид - 1500м од центарот на градот и е расположен на една прекрасна висорамнина со 850м надморска височина. Ваквата местоположба овозможува да се ужива во прекрасната глетка на градовите Охрид и Струга, посебно на Охридското Езеро и воопшто на целиот Охридско-струшки регион. Фасцинантно делува надворешниот изглед на хотелот, кој љубоморно ја чува внатрешната содржина, која пак не може да се открие се додека не влезете внатре. Мирна атмосфера надвор од градската врева. Хотелот е опкружен со бујна вегетација, а планинските трим патеки даваат можност за целосно рекреирање. 

Во комплексот на Хотелот "Сончева Порта" се наоѓа националниот ресторан "Охридија". 

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Сала за состаноци/прослави, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, Мини бар, Клима уред, Бања или туш, Перална
Број на соби: 14
Пријава 14:00 - 00:00
Одјава 08:00 - 12:00

Локација

Охрид, Македонија
Чекоштина бб, Охрид

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com