WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Гранит

Контакт Tel: +389(0)46 207 100
Fax: +389(0)46 207 141
Email: reservation@hotelgranit.com.mk
http://www.hotelgranit.com.mk/

Опис

Хотелот "Гранит" е лоциран на брегот на Охридското Езеро, во месноста Св. Стефан на 5 км од центарот на Охрид. Оддалечен е 12 км од Охридскиот аеродром. Хотелот располага со две пристаништа (мало и големо) кои овозможуваат пристап до хотелот и плажата, преку водениот сообраќај. На само 1 км од хотелот "Гранит", во прекрасна шума и зеленило, се наоѓа манастирот "Св.Стефан" по кој и месноста го добива тоа име. 

025

Располага со: 9 еднокреветни и 87 двокреветни, 22 апартмани, 1 резиденцијален и 1 претседателски апартман. Со прекрасен амбиент, совршен ентериер и капацитет од 300 седишта, ресторанот овозможува угостителски услуги на високо стручно ниво со повеќе видови интернационални послужувања. 

Во холот е аперитив-барот. Модерен шанк, 120 удобни седишта и прекрасна музика. Барот Ви овозможува гасење на жедта, пријатно чувство и дружење. Хотелот поседува три Конгресни сали со капацитет од 120 до 300 седишта, висока техничка и луксузна опременост (симултан превод, озвучување, графоскоп, платна ...) 

027

Забава, спорт и рекреација

Можете да го користите базенот, играте тенис, кошарка и пинг-понг - за кои Гранит располага со сопствени терени и опрема. Фитнес центар е достапен 24 часа на ден.

 

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Конференциска сала, Сала за состаноци/прослави, Продавница за сувенири, Менувачница, Фитнес центар, Масажа, Базен, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, Мини бар, Клима уред, Бања или туш, Собна услуга, Појадок во соба, Перална, Изнајмување на автомобили, Сеф
Број на соби: 120
Пријава 12:00 - 18:00
Одјава 11:00 - 12:00

Локација

Охрид, Македонија
Населба Св. Стефан bb, Охрид

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com