WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Климетица

Контакт Tel: +389 (0) 46 277 665 | +389 (0) 46 277 667
Email: hklimetica@T.Mk
http://www.hotelklimetica.com.mk/

Опис

Хотел Климетица 2 ви нуди незаборавни мигови по­ми­нати во природен амбиент. Сместен во густа бо­ро­ва шума, во непосредна близина на Охридското Езе­ро, на само 4км. од­да­леченост од градот Охрид во ту­рис­тич­ката населба Св.Стефан, Климетица е идеално место за одмор и ре­лак­са­ција. Атмосферата која ќе ја затекнете, надвор од град­ската бучава, микс на чист планински воздух и езер­ска уба­ви­на ќе нап­ра­ви да се почувствувате свежи и ис­пол­нети со енер­ги­ја. Внимателно избраните детали и боја на ентериерот на хо­телот, давааат впечаток на префинетост. Овде љу­безниот персонал ви го нуди вистинското чувство на добредојде. Хотелот располага со 41 луксузно оп­ре­мени соби (двокреветни и трокреветни) и 4 апатрмани.

018

Секоја соба е опремена со: кабелска ТВ, мини бар, директна те­ле­фонска линија, 24 часа бесплатна ин­тернет конекција, клима уред. Располагаме со пространо лоби оп­ре­мено со бар, телевизија, и WIFI ко­нек­ција. Лобито Ви овозможува ужи­ва­ње во прекрасен поглед кон Ох­рид­ското Езеро. За време на вашиот престој уживајте во вкусот и разновидноста на националната, интернационалната и вегетеријанската храна која се послужува во ресторанот.

017

Ресторанот е со капацитет од 240 седишта и тераса од 150 седишта. Нашиот рес­то­ран е достaпен и за организирани настани и прослави како што се коктели, прос­ла­ви, свадби и останати семејни и бизнис свечености. Дозволете ни со нашето долгогодишно искуство во областа на ор­ганизација и реализација на низа домашни и странски се­ми­нари да допринесеме за успешно остварување и на вашите семинари и проекти.

klimetica4

Покрај Хотел Климетица 2 на само 150 метри оддалеченост лоциран е Хотел Климетица 1, објект кој е на 50 метри од езерската шир со со­вре­мен ентериер.Ви нудиме ком­фор и удобност - прекрасно место за одмор и релаксација како и спо­де­лување пријатни мигови.

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Конференциска сала, Сала за состаноци/прослави, Продавница за сувенири, Менувачница, Сауна, Масажа, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, LCD TV, Мини бар, Фен, Клима уред, Бања или туш, Собна услуга, Перална, Изнајмување на автомобили
Број на соби: 40
Пријава 12:00 - 22:00
Одјава 11:00 - 12:00

Локација

Охрид, Македонија
Нас. Св. Стефан, Охрид

Коментари

Loading...
loading...

 

ПОПУЛАРНО