WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Милениум Палас

Контакт Tel: +389 46 263 361
Fax: +389 46 267 010
E-mail: millenium_palace@t-home.mk
http://milleniumpalace.com.mk/mk

Опис

Милениум Палас е хотел со четири ѕвезди кој се наоѓа во југозападниот дел од Македонија, на брегот од прекрасното Охридско Езеро. Со самото тоа што е сместен во Охрид, европскиот Ерусалим, ги комбинира предностите на еден модерен град и на место со богато историско минато и културни вредности. Нуди незаборавен поглед на езерото, стариот град и древната Самоилова тврдина. Од стариот дел на градот Ве дели само кратка, пријатна прошетка покрај езерото. 

Ќе бидете воодушевени од неверојатниот спој на природните и културно-историски богатства: антички споменици, цркви, музеи, сето тоа надополнето со прекрасен поглед кон езерото, посебно на зајдисонце.

Хотелот располага со капацитет од вкупно 63 соби од кои: 41 стандардни соби, 10 дуп­лекси, 6 делукс соби и 6 Јуниор aпартмани, ресторан, вински бар, 2 конференциски са­ли, сауна, парна бања, теретана. Ресторанот "Милениум" е со капацитет од 160 лица и тераса со капацитет од 100 лица. "Милениум Палас" овозможува врвна ус­лу­га, независно дали се работи за ор­га­ни­зи­ра­ње гала све­че­нос­ти или банкети, коктел забави или де­лов­ни приеми.

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Бизнис Центар, Конференциска сала, Сала за состаноци/прослави, Продавница за сувенири, Спа центар, Фитнес центар, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, Мини бар, Фен, Клима уред, Бања или туш, Собна услуга, Перална, Сеф
Број на соби: 63
Пријава 13:00 - 00:00
Одјава 00:00 - 12:00

Локација

Охрид, Македонија
Кеј Маршал Тито бб, Охрид

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com