WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Александрија

Контакт +389 46 258 860

Опис

Дојдете во Охрид и почуствувајте го пулсот на длабоките наслаги од времето, фатени во постојаната игра на езерото што ви ја дава погледот од хотелот. Волшебно чуство на мир протекува низ сите сетила, создавајќи ја прекрасната слика во видикот. Хотелот располага со 13 луксузни двокреветни соби и два де-лукс апартмани. Собите се опремени со: мини-бар, централна клима, интернет, кабелска ТВ, сеф.  Услугата е на база ноќевање со појадок (шведска маса), која изобилува со специјалитети од национална и ин­тер­на­ционална кујна. Тоа ќе го видите од сите соби, од сите прозорци на Хотелот кои низ бисерните очи го гледаат езерото а тоа повратно преку нив ја гали вашата душа со длабоко спокојство и со трепетлива возбуда. Сета таа убавина ја доживувате овде, во хотелскиот амбиент, во неговиот ентериер и екстериер, во душата што му ја дава Охрид со старата богата чаршија крај него, величенствените архитектури од далечните времиња, монументалните црковни изданија од кои зборуваат вековите.. Чуствувате како езерото ја плиска вашата душа тука во луксузните апартмани со кои располага хотелот, на француските лежаи го имате чуството како да ве лулејат брановите во заносен дремеж. Малку погоре е Музејот на град Охрид што ќе ви ја прекаже целата историја на древните народи, градители и воини. Самоиловата тврдина како сведоштво на бурните времиња. 

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Масажа, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, LCD TV, Мини бар, Фен, Клима уред, Бања или туш, Собна услуга, Појадок во соба, Перална
Број на соби: 15
Пријава 00:00 - 24:00
Одјава 12:00 - 13:00

Локација

Охрид, Македонија
Ул. Коста Абраш бб, Охрид

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com