WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Макпетрол

Контакт Телефон: +389 46 797 466

Опис

Хотелот "Макпетрол" е лоциран во прекрасен шумски амбиент со извонредно уредено опкружување, позиција и поглед кон Охридското Езеро. Хотелот се наоѓа во непосредна близина на градот Струга и на десетина километри од Охридскиот аеродром. Располага со сопствен паркинг, панорамски лифт, сопствена песочна плажа, базени и рекреативни спортски терени.  

Располага со 46 двокреветни соби и три апартмани. Сите соби се климатизирани, со тоалет, телефон, мини бар, сателитска ТВ и тераса со поглед кон Охридското Езеро. Во апартманите има и џакузи, мини бар, мини кујна и приклучок за интернет. Хотелот работи врзпринцип на полупансион (шведска маса). Покрај ова, за ваше уживање и задоволствови стојат на располагање мајсторите на националната и интернационалната кујна сонивните специјалитети, во ресторанот со капацитет од 300 седишта, аператив барот,банкет салата, летната тераса и летниот ресторан со 150 седишта.

Хотелот има конгресенцентар со сала за семинари и конгресна сала, опремени со ЛЦД проектор, лап топ компјутер,графоскоп, компјутер со интернет приклучок, безжичен интернет, платно за прикажувањеи флип табли. Може да ги користите аперативбарот и ТВ салата што се во состав на центарот. Сево ова ви дава идеални условиза организирање конгреси, семинари, модни ревии, презентации и други манифестации.

Хотелот е сертифициран според ISO 22000:2005 и HACCP.

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Бизнис Центар, Конференциска сала, Сала за состаноци/прослави, Продавница за сувенири, Фитнес центар, Сауна, Масажа, Базен, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, LCD TV, Мини бар, Фен, Клима уред, Бања или туш, Собна услуга, Појадок во соба, Перална, Превоз до аеродром, Изнајмување на автомобили, Сеф
Број на соби: 46
Пријава 00:00 - 24:00
Одјава 12:00 - 14:00

Локација

Струга, Македонија
Нас. Елен Камен, 6330

Коментари

 

ПОПУЛАРНО