WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Леонардо

Контакт +389 23177517
http://www.hotel-leonardo.com.mk/

Опис

Хотел Леонардо е модерен и комфорен хотел одалечен само 1 км од центарот на градот. Со своите 15 модерно уредени соби (Стандардни и Супериор) Хотел Леонардо го задржува својот карактер како бизнис хотел кој посветува големо внимание на секој детал и кој ги нуди сите услуги што можат да ги понудат и поголемите хотели.Собите се опремени со сопствена бања, мини бар, ТВ со кабелска програма, климатизација, фен, 24 часовна безжична интернет конекција, централно затоплување, како и градина на која излегуваат собите и која допринесува за комфорот и пријатната атмосфера. Доручекот се служи на принцип на шведска маса. За подолг престој во менито се додава и локална храна се со цел да се понуди поголем избор на храна. Хотелот располага со 24 часовна собна послуга, бесплатен сопствен паркинг, сеф и 24 часовно обезбедување, а нуди и услуги за хемиско чистење. По потреба на гостите хотелот може да обезбеди и трансфер од аеродром до хотелот (и обратно) или до бараната дестинација.

Специфики

Содржини: Ресторан, Бар, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, LCD TV, Мини бар, Фен, Клима уред, Бања или туш, Собна услуга, Појадок во соба, Перална, Превоз до аеродром, Изнајмување на автомобили, Сеф
Број на соби: 15
Пријава 12:00 - 02:00
Одјава 00:00 - 12:00

Локација

Скопје, Македонија
Хотел Леонардо

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com