WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Хотел Макпетрол

Контакт Tel: ++ 389 (0)42 489 022 | ++ 389 (0)71 267 783
Fax: ++ 389 (0)42 388 387
Email: hotelmavrovo@makpetrol.com.mk

Опис

Хотелот "Макпетрол" - Маврово е сместен во пазувите на планината Бистра, покрај Мавровското Езеро на 1300 метри надморска височина во националниот парк "Маврово", со извонредни услови за зимски и летен одмор и рекреација. 

mavrovo03

Хотелот е сертифициран според ISO 22000:2005 и HACCP и располага со 40 двокреветни соби и 2 апартмана, сопствен паркинг и ски гардероба. Собите се со стелитска ТВ, телефон, мини бар, безжичен интернет, тоалет и тераса со прекрасен поглед кон ски-терените. Работи врз принцип на полупансион (шведска маса). Има климатизиран ресторан со 300 седишта, аперитив бар, снек-бар и летна тераса со национални и интернационални специјалитети. 

makpetrol01

Хотелот располага со климатизиран мултимедијален простор, ТВ сала, снек бар и сала за конференции, семинари, симпозиуми и разни прослави. 

makpetrol02

Извонредно подготвените скијачки терени, трите жичарници, дванаесетте ски лифтови и сноу борд патеките гарантираат незаборавен одмор и рекреација за љубителите на зимските спортови. Ноќното скијање и прекрасната панорама се уште едно пријатно изненадување за гостите кои го посетуваат овој познат туристички центар. Ова и вистинската можност за летен одмор и шанса за уживање во жуборењето на реката и планинскиот воздух. За љубителите на рекреацијата постојат можности за излети, долги прошетки и планинарење, маунт бајк, лов и риболов, посета на бачилата на Бистра, манастирот Св. Јован Бигорски.

Специфики

Содржини: Ресторан, Конференциска сала, Сала за состаноци/прослави, Тераса, Паркинг, Wi-Fi интернет, Телефон, TV, LCD TV, Мини бар, Бања или туш, Собна услуга, Појадок во соба, Перална, Сеф
Број на соби: 40
Пријава 14:00 - 20:00
Одјава 12:00 - 14:00

Локација

Маврово, Македонија
Село Маврово 1256, Маврово

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com