Лудус

Контакт Телефон: 078 401 909
www.ludus.com.mk, https://www.facebook.com/LUDUScollection/

Опис

Ludus Loves Fashion инстор женска модна етикета основана во 2010-та година како одговор на потребите на клиентите на концептуaлната продавница Лудус. Продавницата беше отворена во 2006-та и до 2008-та година стана платформа за новиот македонски моден дизајн, целосно поддржувајќи ги младите дизајнери и етикети. Во моментов, Драган Христов, еден од основачите на Лудус концепт стор е посветен на развојот на модната линија. Наскоро ќе биде презентирана 9-тата женската колекција, надополнета со колекција за мажи.

Со концептуална позадина, Христов (дипломец на Академијата за Ликовни Уметнoсти- Брера во Милано) создава облека за жената според нејзините моментни чувства. Колекциите се движат меѓу носливоста и софистицираната авангарда, а за основа ги имаат чувствата, најчесто меланхолични и тажни. Финалниот резултат е монохроматски и минималистички, изработен главно од свила и природни проѕирни материјали, а силуетата е налик скулптура. Презентациите на Лудус, инспирирани од филмот и современата музика се настани со неочекувани локации што допринесуваат кон интелектуалниот карактер на етикетата. Ludus започна како менлив производ што еволуира од концептуална продавница со цврст идентитет до експериментална модна линија. Задржувајќи го интегритетот, брендот ќе се прошири и со линија на модни додатоци , како и продажни места во регионот. 

Ludus – игра, шега, забава, лудорија...

Специфики

Дејности&производи: Бутик, Концепт стор, Модни креатори, Модно студио
Асортиман: Колекции за жени и мажи, лични креации
Работно време: Пон - пет: 10.30 - 20.00

Локација

Скопје, Македонија
50 Дивизија бр. 22, 1000

Коментари

 

ПОПУЛАРНО