Ателје Антонија Ристовска

Контакт Моб: +389 70 231 144
Тел: +389 2 2451 800
http://www.antonijaristovska.com/

Опис

“Моите почетоци доаѓаат од моите потреби да ги изразам мислите и чувствата низ создавање и забава, но и од потрагата по магичното, имагинарното и убавото. Создавањето модна креација како применето уметничко дело има двојна спрега: дава животен импулс и нуди задоволство и на оној што го создава и на оној што го набљудува, односно го оживува и го носи.”

Антонија Ристовска е родена на 04 07. 1963 г. во Струмица. Своите афинитети кон модното креирање ги покажува од своја 14 годишна возраст. До 1994 г. креирањето и е хоби, истражување и учење. kога и го оснива и организира своето модно атеље во кое се изработуваат авторските колекциите и креациите за индивидуалните нарачки на своите клиенти.

Македонската народна уметност е посебен културен феномен пред кој неможе да се остане рамнодушен. Богатството на форми и изразни средства резултираат од емотивна и уметничка реакција на бурните културни и историски процеси, што кај креаторката Антонија Ристовска будат инспирација за создавање на современи креации кои носат печат на дел од македонското фолклорно богатство. Инспирирана од колоритот и орнаментиката на македонските народни носии, стилизиран и аплициран во еден миг на старото и новото, со користење на техники од минатото и сегашноста, создава креаци со особен белег на етно-гламур стил. Низ своето мисловно патување низ времето и просторот ги спојува минатото и иднината и создава современи креации со особен белег. Елементи од традицијата, ткаените платна, рачно изработената тантела, плисатурите, филигранот, везови со мониста и полудраги камења, рачно изработени апликации се дел од препознатливоста на креациите.

За својата постојана инспирација – дамата од денешницата, ги создава креациите кои во својот стил се елегантни, гламурозни, изработени од најпрефинети материјали.

Портфолио:

Колекција INSTINCT F/W 2013/14- FWSK Октомври 2013

Колекција EQUILIBRIUM S/S 2013 FWSK Април 2013

Колекција Egiptomanija F/W 2012/13 FWSK Октомври 2012

Колекција Nereidi S/S 2012 FWSK Април 2012

Ревија Fashion week Prishtina 2011 – Приштина, Косово

Колекција Рапсодија на глуварчињата 2011 Модна недела Битола

Колекција Венчални фустани со филигран 2010

Колекција Прва дама 2009 – Медиумско претставување со фотосесија и ТВ ревија

Колекција Бела 2008 – Саем за венчавки 2008; Александар палас, Скопје

Колекција Виножито 2008 – Медиумско претставуванње со фотосесија

Колекција Урбана Невеста 2007 – Саем на венчавки Александар палас, Скопје

Самостојна Ревија Топ 20 2006 – Музеј на град Скопје

Ревија во До-до клуб 2005 – Истанбул, Турција

Ревија на Матуранти 2005 Куршумли ан, Скопје

Колекција Родена 2005 Fashion wеек, Скопје

Колекција Жуборења 2004 – Fashion wеек, Скопје

Колекција Боите на есента 2003 – Fashion week, Скопје

Тема Хистерија 2002 – Музеј на современа уметност Скопје и

Изработени бројни креации за избори на Мис, познати личности од јавниот и културен живот и за нејзината бројна клиентела.

Модата е …

Модата е состојба на постоење; кои сте. што претставувате и вашите најдлабоки мисли и чуства. Тоа е место каде стилот ја сретнува традицијата и каде креативноста нема граници и никогаш не прекинува.

Секоја личност со стил има своја дефиниција за модата, бидејќи да се има стил е индивидуален избор и е рефлексија на самата личност. Да носите нешто различно и со стил, значи создавате мода. Тоа што треба да го знаете е како да ја носите облеката што е на вас и да ја носите со став. Има многу малку смисла во облекување на парче облека во која се чиствувате заробени. Тоа е како да ставите округол костим на триаголник, обидувајќи се да покриете нешто, крајниот впечаток е апсурден.

Најважната работа е да носите облека во која се чуствувате удобно, нешто кое најдобро ја изразува вашата личност и да дозволите вашата облека да биде ваша “втора кожа”. Вие можете да ја креирате модата. Се што треба е да изгледате единствени и различни од другите. Се што е различно е ретко. Дозволете да ве направам различни.

Антонија Ристовска

Специфики

Дејности&производи: Бутик, Модни креатори, Модно студио
Асортиман: Лични креации, креации по нарачка.
Работно време: Пон - пет: 9.00-20.00, сабота: 9.00-16.00

Локација

Скопје, Македонија
Бул. ,, Јане Сандански '' бр.70 лок 15, 1000

Коментари

Loading...
loading...

 

ПОПУЛАРНО