WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Public Room

Контакт +389 2 6092650
http://publicroom.org/

Опис

ЈАВНА СОБА - Центар за дизајн и иновации

Mезе бар, музика, бесплатен простор за заедничко работење, концептуална продавница, прототип работилница, библиотека, продажни базари, ликовни и дизајн изложби, професионални презентации, работилници за деца и возрасни, конференции, деловни состаноци, прослави и родендени. Урбан, мултифункционален простор отворен за сите компании, организации и ентузијасти од сите генерации.  Гастрономскиот дел во Јавна Соба дизајниран во соработка со Хелти плејс нуди здрава и вкусна храна. Програмскиот дел ви овозможува да поминете пријатно пoпладне или вечер и слушнете познати музички групи и ДЈи; да изложите ликовни дела и фотографии или да погледнете изложба на уметници и дизајнери од цела Европа; да го понудите на продажба или купите вашиот омилен дизајн производ; земете учество во работилница на која ќе научите повеќе; да го донесете вашето дете на работилница на која креативно ќе го помине своето време. 

Просторот овозможува да имате деловен состанок во мирен амбиент или одржите конференција и семинар, да прочитате книга и списание за дизајн и архитектура, да го понесете својот лаптоп и работите во инспиративна средина, како и да организирате прослава за оние кои ви значат. Центарот за дизајн и иновации е хибрид од можности, креативен потенцијал, достапна програма и позитивни карактери. Aко имате необична идеја Јавна Соба е место каде што сте добредојдени да ја реализирате.

Специфики

Дејност: Кафе барови, Клубови, Ланч бар
Работно време: Пон-пет. 08:00 - 24:00 Саб. 09.00-01.00
Карактеристики: Храна, After Work, Тераса, Градина, Место за пушење, Дизајн, Ди-џеи, ОК за миленичиња, WiFi

Локација

Скопје, Македонија
50 Divizija 22

Коментари

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com