WHERE

Кликни тука и внесете го вашиот субјект бесплатно >>

Рок Кафана Рустикана

Контакт 072 561450 | 075 478 134
https://www.facebook.com/rojalrustikana

Опис

Рок Кафана Рустикана е за многумина спој на неспоивото за овие простори. Вкусна традиционална храна пропратена со звуци на рок, блуз, џез или соул. На нашето мени ќе најдете по нешто за секоја пригода и дел од денот. Омлет или чорба за појадок или трезнење, салата за со некоја ракија, поховани зезалици за со шприцер или секогаш свежо и вкусно месо испечено на жар кое идеално оди со ладно пиво. За викенди на летната тераса организираме рок свирки од локални кавер бендови за Ваше поголемо уживање, а не ги одминуваме ни сите позначајни спортски настани, особено кога се работи за националните селекции и нивните настапи на големите натпреварувања. Се наоѓаме во строгиот центар на Скопје, а околу нас е еден од последните преживеани паркови - Форум, кој е одлично окружување во топлите летни денови :)

Специфики

Дејност: Кафеани
Карактеристики: Храна, After Work, Тераса, Место за пушење, Амбиент, Жива музика, Ди-џеи, ОК за миленичиња, Паркинг, WiFi

Локација

Скопје, Македонија
Димитрија Чуповски 5 (Вељко Влаховиќ)

Коментари

 

ПОПУЛАРНО

WHERE CITY GUIDE

ТЦЦ ГРАНД ПЛАЗА се наога на само 3 км од центарот на Скопје е особено погоден за лица од сферата на бизнисот и спортот. ...
Понудата на хотелот вклучува соби со клима, ТВ, безжичен интернет, 24 часовна рецепција велнес центар и ресторан. ...
Новиот хотел Вила Рагуза е лоциран во мирна и при­­јатна средина на само 1км од цен­та­рот на гра­дот. ...
Хотелот Сити Палас е сместен на самото шеталиште покрај Охридското езеро, на само 300 метри од Стариот град. ...
Хотел Бела Куќа и Бистро Бар се наоѓа во строгиот центар на градот на 30 метри од Широк сокак ...