Понекогаш е доволна мала промена за да се чувствувате подобро во сопствената кожа.

bjuti

Понекогаш е доволна мала промена за да се чувствувате подобро во сопствената кожа. Тоа може да биде некој релаксирачки викенд или посета на некој козметички третман, но покрај тоа постојат и неколку бјути трикови кои можете да ги испробате бесплатно, во вашиот дом. Воведете ги овие неколку мали промени во својата рутина и веднаш ќе се почувствувате (и ќе изгледате) многу подобро.

1. Одморете се добро

Спиењето и одморот играат голема улога во вашата убавина. Обидете се секоја ноќ да спиете најмалку 7 часа и овозможете му на вашето тело доволно време за одмор и заздравување од секојдневните обврски. Додека спиете, вашето тело произведува колаген и го спречува предвременото стареење на кожата.

2. Пијте вода

Хидратацијата е важна како за вашето здравје, така и за вашата убавина. Дехидрацијата предизвикува сува кожа, додека 2 литри вода дневно ѝ го враќаат здравиот и сјаен изглед на вашата кожа.

3. Користете крем за сончање

Претераното изложување на штетни УВ зраци го забрзува стареењето на кожата, а тоа никој не го сака. Затоа, овозможете им на вашето тело и вашето лице соодветна заштита.

4. Коригирајте го држењето

Ако вашата мајка секогаш ви зборувала да одите исправено, тогаш била во право. Правилното држење може да го трансформира вашиот изглед, но и да ја спречи несаканата болка во грбот, како и проблемите со ‘рбетот.

5. Грижете се за вашата коса

Ова посебно важи за оние кои имаат обоена коса. Освен што со правилната нега ќе си овозможите подолго траење на бојата, исто така вашата коса веднаш ќе ве разубави.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?