magna

И покрај тоа што користите различни производи, акните никако не исчезнуваат од вашето лице?

 

И покрај тоа што користите различни производи, акните никако не исчезнуваат од вашето лице? Тие може да бидат предизвикани од некои работи кои вие едноставно ги игнорирате, а се дел од вашето секојдневие. Пред да се откажете од борбата со проблематична кожа, проверете дали имате некоја од овие навики...

1. Користите производи за обликување на косата

Ако косата често ви го допира лицето, а е полна со производи за обликување, можеби токму тоа е причината за вашите акни.

2. Не го чистите екранот на мобилниот телефон

Мобилниот телефон го ставате во валканата чанта, а потоа екранот го допирате на лицето? Уште една лоша навика која му штети на вашето лице.

 

3. Домашните миленици
Можеби на ова никогаш не сте помислиле, но ако често се гушкате и допирате со вашето куче или мачка, или пак спиете со нив, можеби токму тие да го предизвикуваат проблемот на вашата кожа.

4. Користите премногу препарати за негување

Мора да го имате баш секој лосион, тоник, крем, серум, гел... а притоа ги користите истовремено. Претераното третирање на кожата со козметички препарати, никогаш не е добра идеја.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com