magna

Содата бикарбона се смета за волшебен прав кој го лекува целото тело.

Примените на содата бикарбона се многу добро познати, а многу од нив се поврзани со здравјето. Едноставни пијалоци направени врз основа на сода бикарбона се користат како превенција од болести, за зголемување на енергијата, забрзување на метаболизмот, или лекување на проблеми со желудникот. Познавачите наведуваат дури 77 корисни својства на содата поради кои таа наоѓа широка примена во домаќинството, се користи за нега и убавина, но и за подобрување на здравствената состојба. Не е никаква новост дека содата бикарбона може значително да ја подобри целокупната здравствена состојба, но кога се комбинира со други состојки, нејзината моќ дури и може да се зголеми.

Како се користи сода бикарбона за лекување на рак >>

Во продолжение наведуваме четири примени на сода бикарбона и пијалаци на база на сода кои можете да ги направите сами дома и на сосема природен начин да се ослободите од неколку проблеми со здравјето.

Сода бикарбона како превентивна

Ова е наједноставната употреба на содата бикарбона, кога правот сода се меша со обичната вода за пиење. Пијалакот се добива така што две лажици сода се ставаат во чаша вода и се промешува да се растворат. Оваа мешавина треба да се испие во рок од еден час по подготовката, три пати на ден. Обичната вода со сода бикарбона не лекува некоја конкретна болест, туку се користи како превенција на многу болести.

Мал трик како да користите сода бикарбона наместо пециво >>

Треба да се трудиме да го одржуваме телото во алкална состојба, а содата може да помогне да се урамнотежи pH вредноста во организмот, со што ќе се спречат многу болести, дури и оние најтешките, бидејќи премногу киселина во телото на една од водечките причини за многу болести.

Ако имате киселини или други дигестивни проблеми, растворете половина лажичка сода бикарбона во половина чаша вода и пијте еден час по секој оброк.

Сода бикарбона како енергетски пијалак

Содата бикарбона може да делува и како поддршка на телесната енергија за време на физички напор или вежбање во теретана, бидејќи помага да се намали киселоста која се произведува во мускулите при нивно активирање. За подготовка на пијалакот потребни се 7 чаши кокосова вода, која треба да се загрее а потоа во неа да се додаде 1/4 лажичка сода бикарбона. Во добиениот раствор исто така се додава 1/2 шолја сок од лимон, 1/4 шолја мед и 1/2 шолја морска сол. Пијалакот се става во стаклена тегла и се чува во фрижидер. Се користи за време на вежбање, така што овој енергетски пијалок може да потрае една недела.

Рецепти со сода бикарбона за нега и убавина од глава до пети >>

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com