Содата бикарбона има широка примена во домаќинството бидејќи може да се користи како средство за чистење или перење, како лек за одредени здравствени состојби и потешкотии, но и како средство за нега и убавина. 

Содата бикарбона е одлично средство за чистење на лицето. Измешате 2 лажици сода бикарбона и 1 лажица топла вода за да добиете паста. Измијте го лицето со топла вода и нанесете ја пастата така што ќе ја втривате во кожата со нежни, кружни движења неколку минути. Потоа убаво измијте го лицето со млака вода.

Сода бикарбона како природен пилинг. За овој пилинг ви се потребни околу 15 g сода бикарбона, 30 g зобно брашно и 20 ml вода. Убаво измешајте ги сите состојки и со добиената смеса убаво истријте го лицето со нежни, кружни движења, а потоа убаво измијте.

Маска за акни. За третман за акни ви е потребна 1 лажица сода бикарбона и малку топла вода за да добиете паста. Измијте го убаво лицето и нанесете ја добиената паста, па оставете ја да делува 5-10 минути и потоа убаво измијте го лицето со млака вода. Користе ја оваа маска еднаш неделно за да ја спречите појавата на акни.

Премини на следната страна >>

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?