magna

Јајцата ја зголемуваат флексибилноста на косата

Јајцата имаат многу поволно влијание врз косата благодарение на цинкот, сулфурот и витаминот Б кои ги содржат. Цинкот го регулира производството на масло во фоликулите, сулфурот ја зајакнува косата, додека витаминот Б ја зголемува флексибилноста на косата со што се намалува ризикот од пукање на врвовите.

Со пиперки против испукани врвови

Пиперките се одличен извор на витамин Ц кој е неопходен за синтезата на колагенот кој и дава еластичност на косата и цврстина со што се намалува ризикот од појава на испукани врвови. Витаминот Ц исто така ја подобрува и циркулацијата, а освен пиперките богати со витамин Ц се и портокалите, доматите и брокулата.

Извор: super žena/ 24sata.hr

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com