magna

Популарните блогерки и јутуберки кои се занимаваат со готвење во последно време речиси воопшто не користат обична сол.

Наместо обичната, на нивното мени речиси секогаш е розовата сол од Хималаите, и тоа не само заради изгледот туку и затоа што има низа придобивки за нашето здравје.

Популарната хималајска сол во храната има ист вкус како и обичната кујнска сол, но на почетокот стана популарна поради нежно-розевата боја која е совршен додаток на популарните јадења кои мораат да бидат „подготвени“ за сликање на Инстаграм. Но, тогаш се појавија и научните истражувања, кои потврдија дека ова лудило по хималајската сол не е без причина.

Имено, оваа сол чие наоѓалиште се крие во еден рудник во Пакистан, на само 300 километри од Хималаите, скоро да нема ништо заедничко со солта која сме навикнати да ја користиме. Розевата боја ја добива од 84-те елементи кои ги содржи, а кои покажаа дека се совршен сојузник во борбата против многу болки.

Во што е разликата помеѓу обичната сол и хималајската?

Обичната сол која ја користиме секојдневно содржи само чист натриум-хлорид на кој што дополнително има додадено јод бидејќи според закон, солта која што ја користиме во исхраната мора да содржи јод.

Хималајската сол, од друга страна, содржи неверојатни 84 минерали и елементи, што навистина е фасцинантно ако знаеме дека само 118 хемиски елементи и се познати на науката. Во хималајската сол најзастапени се јодот, магнезиумот, калциумот и калиумот, бакарот и железото. Секако дека најмногу има натриум, а дневната доза на натриум која се препорачува дневно треба да биде од 1.5 до 2 грама за мажи и жени од 9 до 50 години. Една лажичка хималајска сол содржи околу 0.4 грама натриум

Сепак, важно е да нагласиме дека не станува збор за семоќен лек, туку за подобра замена за „белета смрт“ со која треба да ракуваме внимателно. Преголема количина на сол во исхраната, па дури и хималајска, може да донесе до собирање на течности во организмот, зголемување на крвниот притисок и дехидратација на организмот.

 

 

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com