magna

Едно неодамнешно истражување покажа дека куминот, кој од многу одамна се користи како лек и зачин, може многу да помогне во борбата против вишокот килограми.

Имено, само една лажичка дневно кумин помага во слабеењето, го намалува масното ткиво и го снижува нивото на холестерол.

Во истражувањето учествувале 88 жени, кои биле поделени во две групи. Сите биле ставени на диета во период од три месеци, при што внесуваме 500 калории дневно помалку од потребното. Едната група жени секојдневно консумирала јогурт со лажичка кумин. По завршувањето на диетата групата жени кои консумирале кумин имала подобри резултати во однос на слабеењето, помалку масно ткиво и понизок холестерол.

Куминот содржи фитостерол кој ја намалува апсорпцијата на холестеролот во телото. Исто така, се смета и дека куминот го забрзува метаболизмот.

Куминот може да се најде во продавниците за здрава храна, а освен во јогурт може да се додава и во салати и разни сосови.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com