Освен добриот режим на правилна исхрана и вежбање, досега имаме видено и третмани за убавина што ветуваат рамен стомак, без разлика дали е тоа со помош на ласери или, секако, липосукција.

Но, постои и еден метод за кој се шушка дека ги надминува сите – тој само што добил и одобрување од FDA. Станува збор уред кој го викаат Совладувачот (Vanquish), неинвазивен (!) радио-фреквентен уред, буквално ги гори мастите со загревање на длабокото ткиво и пациентите веќе изјавиле дека стопиле околу 10-ина сантиметри од половината по препорачаните 4-6 третмани. Allure ги има сите детали што опфаќа процесот, но, во суштина, пациентот лежи рамно на маса, опкружен со специјализирани загреан панели до 45 минути. Сепак, револуционерниот метод не доаѓа без некои негативни страни. Жештина и црвенило се чести несакани ефекти, а бидејќи во суштина ја горите вашата утроба, третман без квалификуван лекар со сертификат може да биде доста опасен.

Ние сепак ќе се држиме до нашите склекови, водата Саси и зелениот сок, но, сепак, не можеме да кажеме дека воопшто не нé заинтрегира оваа новина.

Друга неинвазивна (и помалку страшна) опција: Fatgirlsixpack ($ 31), гел што се внесува со кофеин кој ветува поистегнат стомак.

Мислите ли дека третманот е кул или откачен?
Искажете го вашето мислење подолу!

barate

 


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?