Стапалата за време на летото се потат повеќе од вообичаено, па поголема е можноста да добијат габи во пределот околу прстите.

Токму затоа најдобро е да се биде колку е можно повеќе бос во овој период од годината, да се води сметка за хигиена на стапалата, а доколку се појават габи треба да се следат следниве совети:

Купка со хидроген пероксид

Хидроген пероксидот е идеален за убивање на бактериите и габите, па доколку ги ставете нозете во вода со оваа состојка можете да ја убиете непријатната појава на нозете и да го спречите нивното ширење. Во едно литро дестилирана вода додадете околу 100 милилитри хидроген пероксид од 3 отсто, па натопете ги нозете секое утро и вечер по дваесет минути.

Сода бикарбона за чевли

Преку лето се препорачува да се избегнуваат најлонските чорапи како и чевлите со синтетичка постава. Одете боси колку можете повеќе. Доколку морате да носете затворени чевли убијте ги сите евентуални бактерии во нив со освежителна комбинација на студена вода и сода бикарбона (во размер 1:3). Попрскајте со оваа течност секој ден по дното од вашите чевли.

Пилинг од пченкарен скроб

Пченкарниот скроб одлично ја впива влажноста па се наметнува како одлична состојка за пасти кои спречуваат настанување на непријатни бактерии и габи. Помешајте пола лажичка густин со малку топла вода, па ставете во рерна на околу 220 степени додека смесата не потемни. Добро втријте ја оваа топла смеса на чисти и суви стапала, оставете да делува околу 1 минути, па исперете со топла вода.

barate


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?