FaceBook  Twitter  

Постојано купувате шампони и никако да си го погодите вистинскиот?

За сува и оштетена коса, за мрсна, за волумен, за бојадисана коса ... нема крај на варијантите на шампони кои се нудат на полиците на продавниците. Сте испробале се. Од помалку познати до најпознати марки, од најевтини до најскапи. И останувате разочарани што косата не ви е како на девојките на рекламите на телевизија. Што шампонот едноставно не ви ги исполнил очекувањата ...

Не очајувајте! Ви предлагаме да се релаксирате и да пробате да си направите шампон сами. Ќе имате повеќекратни придобивки – ќе се поштедите од штетните состојки во комерцијалните шампони, ќе заштедите пари бидејќи состојките кои се користат во природните се прилично евтини и секако - ќе добиете убава, здрава и сјајна коса!

Ги издвоивме наједноставните рецепти кои се приготвуваат брзи и лесно и кои содржат состојки што можете да ги најдете насекаде.

Шампон со желатин

Измешајте една лажица желатин и една жолчка од јајце да добиете воедначена смеса и нанесете на мокра коса. Оставете да делува 5-10 минути, исчешлајте и измијте убаво со вода. Можете да направите и концентриран раствор од желатин со една лажица желатин, три лажици вода и една жолчка. Оваа смеса содржи многу протеини така што вашата коса ќе стане убава и бујна.

Шампон со прашок за пециво за мрсна коса

Верувале или не една одлична состојка за нега на мрсната коса е прашокот за пециво! За подготовка на шампонот ви е потребна една лажица прашок за пециво и еден филџан вода. Измешајте убаво за прашокот за пециво да се растопи во водата, нанесете на мокра коса и убаво измасирајте. Измијте ја косата со вода и на крај прелијте ја со чаша вода во која сте додале една лажица јаболков оцет. Со овој шампон ќе се ослободите од мрсната коса и од перутот и ќе имате убава и сјајна коса.

За мрсна коса наместо шампон можете да употребите и разреден црн чај со кој убаво ќе ја измиете косата и потоа ќе го измиете со млаз вода.

Шампон со сода бикарбона

Шампонот со сода бикарбона е одличен за отстранување на нечистотиите од косата, перутот и вишокот себум. Може да се користи за сите типови на коса но најделотворен е кај мрсната коса која по миењето со него ќе остане чиста 3-4 дена. Измешајте една лажица сода бикарбона со чаша вода (околу 200 мл.) за убаво да се растопи и измијте се со добиената смеса како што се миете со обичен шампон. На крај можете да ја прелиете косата со раствор од вода и јаболков оцет, најдобро од една лажица јаболков оцет и литар вода. Ќе се изненадите од резултатите!

Шампон од пченкарен скроб за волумен

Ставете една лажица сода бикарбона во чаша вода и полека додавајте пченкарен скроб додека не ја добиете саканата густина. Измијте ја косата со добиената смеса како со обичен шампон. Вашата коса ќе изгледа многу побујно и поздраво!

Шампон од лимон и краставица

Ако сакате да ги отстраните сите нечистотии од косата и вашата коса да блесне во полн сјај направете шампон од лимон кој е познат како средство за чистење и краставица која е познато средство за хидратација. Еден излупен лимон и една излупена краставица се мешаат во блендер и со добиената смеса се мие косата како со шампон, а потоа убаво се измива со вода.

Шампон од јајце за сува коса

Ако имате сува и безживотна коса најдобро е да направите шампон од јајце кое содржи лецитин и аминокиселини кои ја штитат косата од оштетувања и го отстрануваат перутот. Две јајца, три лажици сода бикарбона, две лажици маслиново масло и две лажици сок од лимон убаво се мешаат да се добие воедначена смеса која се втрива во косата а потоа убаво се измива. Исто така, можете да направите и упростена верзија само од едно јајце кое ќе го разматите во малку топла вода. Со оваа смеса ја миете косата како со шампон, потоа прво измивате со вода, а потоа со раствор од два литра вода и една лажица јаболков оцет.

barate

    Кликни тука и внесете го Вашиот субјект бесплатно >>

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО

 

STIPKA 3TV PRESENTS


Почнете да не следите и на Инстаграм и освојте вредни подароци http://instagram.com/stipkamagazine >>

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?

 

НАЈНОВО ...

ШИK ПРИКАЗНИ ...

WHERE CITY GUIDE

Единствен клуб ресторан во Скопје.
Уникатно опремениот ОК хотел е лоциран во мирен дел на градот, на 2.8 километри од центарот на Скопје. ...
Во строгиот центар на Битола, на Широк Сокак, недалеку од вообичаената градска врева... ...
Вкусете ги нашите специјалитети, напијте се чаша две и уживајте во ресторанот КАЈ ЕФТО. ...
Почуствувајте го единствениот амбиент за Вашите свадби, коктел забави, годишни и романтични вечери... ...