magna

Брзо и ефикасно слабеење без диета ... Звучи како неостварлив сон или како приказна за мали деца.

А сите сакаме навистина да постои некој начин на кој ќе се ослободиме од вишокот килограми без поголеми напори. За разлика од американските гуруа за слабеење кои предлагаат различни методи и диети кои генерално се базираат на балансирана исхрана и многу физички вежби, од Јапонија ни доаѓаат многу порелаксирани методи за слабеење. Веќе десет години јапонскиот доктор Фукуцуџи им помага на жените да ги загубат непотребните килограми неверојатно брзо. Со методата на доктор Фукуцуџи се слабее за најкратко можно време, без исцрпувачки диети и напорни вежби, и без трошење на големи суми на пари. Што е најинтересно од се, се губат наслагите околу половината, кои, како што велат експертите, никако не можат да се стопат без вежбање. Звучи како сон, ама за среќа овој пат е реалност!

Над шест милиони примероци од книгата на докторот во која се објаснува методата за брзо слабеење се распродадоа во Азија со брзината на светлината. За спроведувањето на методот не ви е потребна никаква дополнителна опрема. Сé што ви е потребно се неколку крпи и рамна подлога. Суштината на методот е во тоа дека неколку минути дневно треба да лежите на рамна подлога со неколку крпи свиткани во ролна и поставени под половината. На овој начин ќе изгубите неколку сантиметри од обемот на половината ВЕДНАШ! А доколку ја придвижите ролната нагоре и ја наместите под градите, ќе ги поткренете градите и ќе ви се исправи телото. Со оваа метода можете и да се издолжите за некој сантиметар!

Во своите истражувања доктор Фукуцуџи се концентрирал на скелетот и коските и заклучил дека главната причина за широкиот обем на половината е разидувањето на карличните и подребрените коски. По низа експерименти тој емпириски ја докажал неговата хипотеза и развил метода за брзо губење на наслагите на стомакот.

Што точно треба да направите?

1. Прво треба да направите ролна од крпи и да ја преврзете со некаква соодветна лента. Ако имате проблеми со грбот се препорачува помека и помала ролна.

 

2. Потоа треба да легнете на рамна и тврда подлога, не се препорачува на кревет, туку подобро на соодветна подлога на подот

3. Ја поставувате ролната под грбот, точно под половината, односно под папокот. Ролната треба да биде малку поширока од ширината на грбот

4. Опуштете се. Поставете ги нозете во ширина на рамениците и свиткајте ги стапалата така што ќе се допираат само палците на нозете

 

5. Рацете треба да ги испружите над главата, да ги свитката дланките надолу и да ги споите малите прсти

Позицијата можеби ќе ви изгледа малку непријатна, но на почетокот испружете ги рацете колку можете и погрижете се да се допираат палците на нозете и малите прсти на рацете – тоа е најважно.

Лежете во оваа позиција пет минути.

Можете да лежите и три пати дневно по пет минути, но првиот пат само пет минути е сосема доволно.

Тоа е тоа.

Изгледа страшно лесно, НО ... Ако правилно се изведе вежбата, вашиот скелет ќе почне да се враќа во својата природна положба и можете да почувствувате болка. Ако ви е тешко да издржите пет минути, можете да почнете со две и постепено да го зголемувате времето, но на крајот морате да дојдете до целните пет минути. За најдобри резултати потребно е секојдневно да вежбате, поточно да лежите. Ако ја поставите ролната под градите – ќе ги поткренете градите, а ако ја поставите под ребрата – половината ќе стане уште поизразена!

 

Важно е по сеансата да станете многу пополека. Прво свртете се на страна, па седнете и потоа станете, избегнувајќи нагли движења.

Дури и ако не верувате во оваа метода, немате што да изгубите ако ја пробате. Нема да ве чини ништо, за разлика од различните чаеви и препарати за слабеење. Измерете го обемот на половината и висината пред и по вежбата и ќе бидете прилично изненадени.

На ова видео можете да го видите докторот како ја изведува методата со две девојки. Иако видеото е на јапонски може да се забележи дека едната девојка изгуби цели 4 сантиметри од обемот на половината, а другата не загуби воопшто на половината но се издолжи за 1 сантиметар!

Вреди да се проба, нели?

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО