loading...

За квалитетната храна и хранливи продукти се знае дека ги зајакнува коските, спречува хронични болести, го подобрува видот и дури ви го ’изострува‘ паметот. Но дали сте знаеле дека новите докази покажуваат дека храната исто така може да ви помогне да ослабите и најважно, да останете слаби и витки?

superfood1

Ваквите продукти во последно време имаат добиено нов термин, а тоа е суперхрана (superfoods). Станува збор за хранливи намирници кои ги зајакнуваат коските, спречуваат хронични болести, го подобруваат видот и дури ви го ’изоструваат‘ паметот. Во оваа група спаѓаат и следните продукти (односно дел од нив) кои ние ќе ви ги наброиме и кои помагаат во губењето на несаканите килограми – и уште поважно, ви помагаат да ја зачувате витката става!

Црн грав

superfood2

Една шолја црн грав содржи 15 грама протеини кои комплетно го исполнуваат организмот и не содржи масти кои се редовно присутни кај другите извори на протеин, како што е црвеното месо.

Овес/ зоб

Овесот или зобот е богат со карбонски хранливи влакна кои ви помагаат да се чувствувате сити во текот на целиот ден. Само половина шолја (со млеко на пример) ќе го забрза вашиот метаболизам и значително ќе помогне во согорувањето на калории.

Авокадо

superfood3

Не постои причина да се плажите од мастите – се додека станува збор за вистинските масти!

Олеинската киселина е основна состојка на ова овошје полно со растителни масти, кои може да ви направи да се чувствувате сити во текот на целиот ден. Јадете по една до две авокада дневно и посматрајте како ви се намалува обемот на стомакот.

Лосос

Посниот извор на протеин од оваа риба ви помага да се чувствувате дека немате потреба за внесување на дополнителни масти (од било каков вид) во организмот после добар ручек од лосос. Последните студии направени на база на лосос покажуваат дека диеталците после првата недела започнале да губат просечно по 3.5 килограми неделно.

Боровинки

superfood4

Најмногу познати по ефектот кој го запира стареењето, боровинките се исто така големи пријатели и на сите оние кои сакаат да ги загубат несаканите килограми. Во една шолја боровинки има само 80 калории кои ви помагаат да се чувствувате исполнети.

Брокула

Свежо зготвена, овој суштински зеленчук е добро познат по антиканцерогените состојки кои во себе ги содржи. Но исто така е полн и со карбонски влакна кои ви даваат чувство на ситост, со само 30 калории во просек.

Кафен ориз

superfood5

Кафениот ориз е поздрава, полна со хранливи влакна алтернатива на стандардниот бел ориз. Внесувањето на овој вид на ориз значително го забрзува метаболизмот и согорувањето на мастите во телото. Една студија покажува дека жените кои наместо бел, консумирале исклучиво кафен ориз, три пати полесно и побргу се ослободиле од несаканите килограми.

Круша

Само една круша содржи 15 % од дневните потреби за хранливи влакна кај секој човек. Студија направена врз жени кои секојдневно јаделе 3 круши на ден, изгубиле многу повеќе од несаканата тежина за разлика од оние кои ја немале вклучено крушата во својата диета. Но не смеете да ја отфрлате кората, во неа се наоѓа најголемата концентрација на хранливи материи!

Вино

superfood6

Ресерватол, познатиот антиоксиданс кој се наоѓа во кората на грозјето, го запира складирањето на масти во телото. Истражувањата покажуваат дека умерените пијачи на вино имаат потесни половини и помалку сало во стомакот, за разлика од редовните консументи на алкохол. Една чаша вино може да поттикне забрзано согорување на калории во наредните 90 минути.

Грејпфрут

Дури и доколку не промените ништо во својот начин на исхрана, а консумирате половина грејпфрут пред секое јадење, може да ви помогне да загубите по половина килограм неделно.

Главната состојка на ова овошје може да го намали количеството на инсулин, да го успори хормонот кој е задолжен за складирање на масти, а со тоа ќе доведе до намалување на килограмите. Исто така претставува и одличен извор на протеини и бидејќи составот му е 90 % течност, ќе ви исполни, а со тоа и помалку ќе јадете.

Извор: helath.com

barate

loading...
Loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

loading...

 

ПОПУЛАРНО