Совети за есенска шминка на Јелена Ѓоковиќ

Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најпознатиот светски тенисер важи за девојка која го обожава природниот изглед. Таа дури и во бројни официјални настани воглавно е без шминка или само со децентен мејк-ап кој речиси и не се забележува на нејзиното природно убаво лице. Таа е мајка на две деца и навистина ретко се шминка, а за тоа сведочат и бројни фотографии што ги објавува на социјалните мрежи. Сепак кога се во прашање посебни пригоди, таа својата убавина најчесто им ја препушта во рацете на искусни визажисти.

Јелена пред неколку дена се подготвуваше за гостување на телевизија, а пред своите обожаватели сподели фотографија од пред и по шминкање. Таа и самата беше воодушевена од резултатот, па под фотографијата даде и предлог за есенска шминка. Нежни нијанси на кармин на усните, розово руменило за истакнување на јаболчиците и нагласени очи.

😀 #face #makeup #jelenadjokovic #djokovic #work

A post shared by Jelena Djokovic (Ristic) (@jelena_djokovic_) on

Па, како ви се допаѓа Јелена повеќе – со или без шминка?

barate

 

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?