Во пресрет на новогодишните празници ни пристигаат нови производи кои ги дизајнираа познатите светски убавици.

Овој пат ангелите на „Викторијас Сикрет“ (Елса Хоск, Сара Сампајо, Џасмин Тукс и Марта Хант) дизајнираа свои сопствени сетови со кармини. Секој сет содржи моливче за усни, мат кармин и сјај, па така секоја љубителка на шминките може по желба да носи мат кармин или преку него да стави сјај со кој ќе направи совршен божиќен изглед.

Сетот ќе може да се порача од нивната официјална интернет страна, а ќе чини 24.50 долари што во однос на производите на сестрите од кланот Кардашијан-Џенер го прави многу поповолен. Но дали производите на „Викторија Сикретс“ ќе ја достигнат популарноста на „KW Beauty“ и „Kylie Cosmetics“ останува да видиме во следниве неколку месеци.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?