Веќе знаете дека морате да внимавате на рокот на траење на маскарата.

 1 trepki

Веќе знаете дека морате да внимавате на рокот на траење на маскарата. Ја пронајдовте идеалната четка и го совладавте рамномерното нанесување, но сепак маскарата не ви одговара. Можеби проблемот е во следниве грешки.

1. Секојдневно нанесувате водоотпорна маскара

Таа трае подолго и не се размачкува, но со причина е наречена водоотпорна, затоа што е наменета за ситуации кога трепките се изложени на влага. Таа не треба да се кроисти секој ден, затоа што тешко се отстранува, па трепките се уништуваат.

2. Ја делите маскарата со вашата пријателка

Разменувањето со маскара со друга личност значи дека разменувате и бактерии, што може да предизвика иритација и воспаление на очите.

3. Ги виткате трепките по нанесување маскара

На овој начин ќе го упоропастите целиот труд и изглед што сте сакале да го постигнете со маскарата. Виткајте ги трепките пред да нанесете маскара, за да не ги оштетите.

4. Не ги чистите трепките темелно

Веќе ви е познато дека лицето треба темелно да го чистите од шминка, но исто така не треба да ги заборавите и трепките. Кога таквите остатоци ќе се помешаат со утрешната свежа шминка, не само што нема да изгледате неуредно, туку може да предизвика кршење на трепките и иритација.

barate

loading...


МОЖЕБИ ЌЕ САKАТЕ ДА ГО ВИДИТЕ И ОВА

 

ПОПУЛАРНО


Booking.com

 

ШТО МИСЛИТЕ ЗА ОВА?